Легендарниот Валдано предвиде како ќе се одвива втората авантура на Мурињо во Реал

Дерби

18/05/2026

15:06

310

Големина на фонт

а а а

Хорхе Валдано е жива легенда на Реал Мадрид и човек кој извршуваше функции во повеќе сектори, но последната работа во „кралскиот клуб“ ја имаше токму во првата етапа на Жозе Мурињо.

Поради расправија и недоразбирање со португалскиот стручњак, Валдано ја напушти својата директорска функција во Реал Мадрид откако Перез реши да му даде предност на тренерот, но 15 години по неговото заминување од клубот, Аргентинецот се најде во ситуација да го коментира најавениот кам-бек на Португалецот.

Според угледните шпански медиуми, само прашање на време е кога Мурињо ќе биде потврден како нов тренер на Реал Мадрид, а Валдано си даде за право да предвиде како ќе се одвива неговата втора авантура во првите неколку месеци.

– Флорентино Перез го доживува фудаблот како бизнис на херои, па сигурно нема да ги продаде хероите и најголемите ѕвезди кои ги има во својот тим, без разлика на доаѓањето на Мурињо.

– Сметам дека Мурињо ќе пристигне во клубот со својата најзаводлива страна, на почетокот се ќе биде мирно и мазно, а очекувам и играчите да реагираат добро поради тоа што ќе имаат повеќе време за подготовки. Претпоставувам дека пресезоната ќе биде понапорна од обично, а тоа ќе му помогне на тимот да изгледа физички подобро.

– Останува да видиме што ќе се случи кога ќе одмине времето и кога ќе дојдат поразите. Ќе видиме дали ќе има мир, или ќе продолжиме со турбуленциите како оваа сезона. Мурињо не може да го среди сам сето ова, ќе му биде потребна помош од сите важни фактори, – потенцира Валдано.