Шок за важен играч на Барса: Заработи скршеница во најлошо време и се збогува со мундијалот

Дерби

18/05/2026

15:04

336

Големина на фонт

а а а

Барселона запиша 19-та победа на 19-от натпревар кој го одигра на домашен терен во Ла Лига, но неполн ден по историскиот рекорд кој го остварија каталонците, атмосферата е значително нарушена поради една непосакувана вест.

Дури девет играчи на Барселона се најдоа на поширокиот список на селекторот Де Ла Фуенте, но сега еден отпаѓа уште пред да биде објавен конечниот избор.

Имено, Фермин Лопез заработил скршеница на метатарзалната коска на вчерашниот натпревар против Бетис, а тоа значи дека непријатната повреда го остава без сонот наречен Светско првенство.

Фермин ја одигра најдобрата сезона во кариерата откако минатото лето се поврзуваше со Челси, но кога требаше да добие награда во вид на Светско првенство, овој сон се урива на неколку недели пред стартот на турнирот.

Барселона објави дека Фермин набрзо ќе подлегне на хируршки зафат, а опоравувањето ќе трае околу три месеци.