[ФОТО] Цел Њујорк вчеравечер гледал во ќерката на Мерил Стрип – иста мајка! Познатата актерка родила свој клон: Сите 4 деца неверојатно личат на неа, татковата генетика е во втор план

Кармин

21/04/2026

20:46

948

Големина на фонт

а а а

Мерил Стрип синоќа на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада“ имала и поддршка од своето семејство. На црвениот тепих се појавиле нејзината ќерка Грејс Гамер и зетот Марк Ронсон. Познатата наследничка и нејзиниот сопруг биле облечени во црно-бели изданија.

Грејс Гамер изгледала многу шик во монохроматска бела модна комбинација, додека нејзиниот сопруг, познатиот музички продуцент, Марк Ронсон избрал полежерен црн костум.

И да не знаете дека Грејс Гамер е ќерка на легендарната Мерил Стрип, би претпоставиле тоа бидејќи познатата наследничка неверојатно наликува на својата мајка. Секако, генетиката си го прави своето, но во случајот на славната актерка интересно е што нејзините гени се прилично доминантни кога станува збор за изгледот на нејзините деца.


Мерил Стрип во 2024 година на доделувањето на „Grammy Awards“ во Лос Анџелес, заедно со својот зет, била во улога на презентерја на престижното признание. Таа ја врачила наградата во категоријата песна на годината („Flowers“), која ѝ припаднала на Мајли Сајрус.

Грејс Гамер и познатиот продуцент се во брак веќе две години, во 2023 година го добиле своето прво заедничко дете, а во 2025 година повторно станале родители по вторпат. Во Холивуд кружи приказната дека Мерил Стрип е тешта за пример.


Славната актерка е и многу посветена мајка. Таа изјавила дека улогите секогаш ги избирала според тоа дали за време на снимањето ќе може да биде со своите деца или не.

Мајчинството ѝ било на прво место, а сепак успеала да изгради блескава кариера. Податокот дека има освоено три Оскари и дека 21 пат била номинирана за наградата на Американската академија за филмски уметности и науки доволно зборува за тоа.


Ќерката на Мерил Стрип ја глуми сестрата на Џон Ф. Кенеди

Ќерката на Мерил Стрип, Грејс Гамер, исто така се занимава со глума. Засега нејзините најзабележителни улоги ги има остварено во сериите „Mr. Robot“, „American Horror Story“ и „The Newsroom“.


Оваа година привлече големо внимание со улогата на Керолајн Кенеди во серијата „Love Story“ на Рајан Марфи, која ја прикажува романтиката на Џон Ф. Кенеди помладиот и Керолин Бесет-Кенеди. Случајно или не, Мерил Стрип со години ја поддржува Демократската партија во САД, на која ѝ припаѓал убиениот американски претседател. Таа јавно го критикува и актуелниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп.


И другите ќерки на Мерил Стрип исто така се насочиле кон глумата. Мејми Гамер имала забележителна улога во серијата „Emily Owens, M.D.“. Со својата славна мајка глумела и во филмот „Ricki and the Flash“. Таа се појавува и во серијата „We Were Liars“ (Amazon Prime), каде ја толкува улогата на Кери Синклер, како и во ТВ-серијата „Brilliant Minds“ (NBC).


Луиза Џејкобсон го користи средното име како уметничко презиме, бидејќи името Луиза Гамер веќе било зафатено во здружението на актери. Најмладата ќерка на Мерил Стрип е ѕвезда на HBO серијата „The Gilded Age“, каде ја игра главната улога, Маријан Брук.

Таа игра и во филмот „Materialists“ (2025/2026) на режисерката Селин Сонг. Дебитирала и како манекенка на ревијата на брендот „Eckhaus Latta“ за време на Њујоршката модна недела оваа година.

За неа единствено се вели дека малку личи на својот татко.


Мерил Стрип го има и синот Хенри Волф Гамер, кој е музичар. Децата на славната актерка, имајќи го предвид нејзиниот ѕвезден статус, не се толку јавно експонирани.

Се добива впечаток дека се обидувале да избегнат етикета „непо бебиња“, за да не им се забележи дека користат привилегии како наследници на холивудска икона. Во последно време постигнуваат сè поголеми успеси.


Славната Мерил Стрип има шест внуци

Познатата актерка е и баба на шест внуци. За тоа неодамна зборувала за „Vogue“, позирајќи за насловната страница со Ана Винтур.

Ќерката Мејми ѝ го подарила првото внуче — во февруари 2019 година со својот партнер Мехар Сети добила син. Подоцна го дочекале и раѓањето на ќерка. Грејс Гамер има две деца. Хенри Волф Гамер е татко на две деца.

Мерил Стрип добила четири деца со својот поранешен сопруг Дон Гамер

Мејми, Грејс, Луиза и Хенри секако наследиле многу и од својот татко Дон Гамер. Но кога станува збор за физичкиот изглед, доминирале мајчините гени.

Веста дека Мерил Стрип се развела од Дон Гамер беше соопштена во 2023 година. „Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години и, иако секогаш ќе се грижат еден за друг, одлучиле да не живеат заедно“, изјавил портпаролот.


Бракот кој траел 39 години официјално бил завршен во 2021 година. Интригантно е колку долго успеале да ја сокријат разделбата, иако актерката е една од најголемите светски ѕвезди. Како да на многумина им било тешко да поверуваат дека разводот е причината поради која Мерил долго време не се појавувала во јавност со својот поранешен сопруг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk