Синот на Еди Марфи (Ерик) и ќерката на Мартин Лоренс (Јасмин) станаа родители. Среќната вест ја потврдил 65-годишниот актер Марфи, откривајќи дека парот добил девојче на кое му го дале името Ари Скај.
Веста ја открил во саботата, на 18 април, во разговор за „E! News“ на доделувањето на наградите на Американскиот филмски институт. „Добија девојче пред една-две недели. Да, Ари Скај“, изјавил тој.
„Пред два месеца го добив првиот внук, пред две недели третата внука, а пред еден месец наполнив 65 години – благослови на сите страни“, додал актерот.
На прашањето дали тој или 61-годишниот Мартин Лоренс им дале некаков совет на новопечените родители, Марфи рекол дека за родителството нема вистински совети. „Ма не, тука нема многу совети“, изјавил тој. „Знаете, децата не ги слушаат вашите совети. Децата се угледуваат на вас. Ве набљудуваат. Не им е грижа што зборувате“, продолжи Марфи. „Гледаат што правите. Затоа не делам многу совети.“
Двојката претходно на социјалните мрежи сподели фотографии од раскошна забава за бебето, откривајќи дека малата Ари Скај е „веќе многу сакана“.
Ерик и Јасмин, кои се венчаа во мај минатата година, во февруари на Инстаграм објавија дека го очекуваат своето прво дете.
На црно-бела фотографија, 30-годишната Јасмин позирала во фустан со спуштени раменици што го истакнувал трудничкиот стомак, додека 36-годишниот Ерик ја потпрел главата на нејзиниот стомак и гледал во камерата.