Фрижидери, клима уреди, бојлери... овие уреди се „енергетски вампири“ во вашиот дом: Еве што треба да направите со нив за да заштедите

Кармин

17/04/2026

12:00

480

Големина на фонт

а а а

Потрошувачката на струја може да биде голема и во текот на пролетните и летните месеци, ако не внимаваме на уредите што ги користиме во домаќинството.

Клима-уредите се големи потрошувачи на струја, особено во текот на топлите месеци што нѝ претстојат.

Покрај клима-уредите, големи потрошувачи на струја во домот се: бојлерот, шпоретот, фрижидерот, па дури и светилките и полначите кои често ги занемаруваме, а можат значително да влијаат на висината на сметката. Ако не знаете од каде да започнете со штедење струја, анализирајте ги вашите трошоци и добро утврдете кои се „енергетските вампири“ во вашиот дом.

Клима-уреди

Клима-уредите, кои во летните денови на многумина им се неопходни, често можат да „проголтаат“ многу струја. Доколку имате клима-уред во вашиот стан или куќа, нека ви стане навика да го исклучувате кога не престојувате дома. Термостатот секогаш наместете го на повисока температура, така што не мора да биде на 23 степени, на пример може да биде на 25 – тоа ќе ви помогне да заштедите енергија за 3 до 5 отсто.


Внимавајте на температурата во фрижидерот

Потрудете се вратата на фрижидерот да не биде долго отворена, бидејќи во спротивно ќе влезе многу топлина внатре. Уредот тогаш повторно ќе мора да ја намали температурата, а за тоа ќе потроши дополнителна количина струја.

Бојлерот вклучувајте го ноќе

Бидејќи бојлерот е еден од поголемите потрошувачи, пожелно е да ја искористите поевтината тарифа и водата да ја загревате исклучиво ноќе. Многу важно е и редовно да го чистите од каменец, бидејќи тој го забавува процесот на загревање, што доведува до поголема потрошувачка на струја.

Ако живеете сами или сте само двајца, најдобро е бојлерот да го вклучувате само ноќе кога струјата е поевтина. Истото важи и за машините за перење алишта.


Гасете ги светилките

Можеби изгледа очигледно, но штедењето струја со гасење на светилките зад себе е и повеќе од значајно. Исто така се препорачува тие да се заменат со штедливи LED светилки.

Полначи

На прв поглед безопасни, полначите што постојано се вклучени трошат мала количина електрична енергија дури и кога не се користат – феномен познат како „вампирска потрошувачка“.


Кога станува збор за еден уред, оваа потрошувачка изгледа занемарлива, но ако имаме десетина, разликата станува забележлива. Во текот на годината, оваа потрошувачка може да се претвори во неколку киловат-часови електрична енергија, што се одразува на домашниот буџет и негативно влијае на животната средина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk