[ФОТО] Жените полудеа по новиот унгарски премиер, веќе го нарекуваат „најзгодниот премиер на светот“

Кармин

15/04/2026

09:42

5.481

Големина на фонт

а а а

Името Петер Маѓар последниве денови не се „симнува“ од насловните страници на унгарските и светските медиуми, но причината не е исклучиво политика.

Откако стана нов унгарски премиер, големо внимание од јавноста привлекуваат и неговиот изглед и стил на живот. Накратко – веќе го нарекуваат „најзгодниот премиер на светот“.

Мускули, селфија...

На тој статус придонесоа и приватните фотографии и снимки што се шират на социјалните мрежи (а и кои самиот ги објавува).


Маѓар е спортски тип, а тоа често го истакнува и на својот Инстаграм профил. Не се двоуми да објави и по некоја фотографија од теретана, а особено внимава фризурата секогаш да му е на ниво. И многу сака мачки.

Често позира во спортски дуксери, а знае да направи и по некое селфи.


Мускули? Не грижете се, го покажува и тоа.


Кој е Петер Маѓар?

Станува збор за 45-годишен адвокат кој до неодамна беше дел од системот на Орбан. Работел на позиции поврзани со државните институции и бил близок до владејачките структури. Во јавноста беше најпрепознатлив како сопруг на министерката за правда на Орбан, Јудит Варга, членка на Фидес. (Инаку, тоа му е поранешна сопруга...).


Пошироко внимание привлече дури на почетокот на 2024 година, во екот на скандалот околу претседателското помилување во случајот со прикривање педофилија, поради кој неговата поранешна сопруга Варга поднесе оставка од функцијата министерка.

Маѓар тогаш објави снимка од нивниот разговор, која претходно тајно ја снимил, а во која Варга потврдува дека соработници од врвот на власта интервенирале во обвинителските списи во друг голем корупциски скандал. Со тој драматичен раскин со елитата го започна својот метеорски подем од релативна анонимност. Го презеде водството над дотогаш непознатата партија Тиса и почна енергично да настапува во јавноста.


Маѓар се обврза да укине многу од најпроблематичните делови од програмата на Орбан. Вети дека ќе го врати демократскиот систем на контрола и рамнотежа и ќе ги подобри односите со ЕУ за да се ослободат замрзнатите средства. Еден од првите чекори би можело да биде и приклучувањето на Унгарија кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).

Вети и дека ќе ја прекине зависноста од руската енергија до 2035 година (целта на ЕУ за тоа е 2027 година).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk