Конте се нуди да биде селектор на Италија

Макфакс

07/04/2026

09:47

166

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте, актуелниот тренер на Наполи, се споменува како можен наследник на Рино Гатузо на клупата на италијанската репрезентација. Самиот Конте ги подгреа тие гласини по победата на неговиот тим против Милан, велејќи дека доколку тој е на чело на Федерацијата, би се сметал себеси како кандидат за таа позиција.

Неговиот Наполи го победи Милан со 1:0 на стадионот „Марадона“ со голот на Матео Политано, со што ги прескокна „Росонерите“ и се приближи на седум бода зад лидерот Интер.

На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Наполи, Антонио Конте, зборуваше за можноста повторно да биде селектор на Италија

„Да не заборавиме дека во последните три месеци од минатата година се пишуваше дека го напуштам Наполи и се селам во Јувентус. Медиумите сега мора да пишуваат за нешто и сосема е во ред моето име да биде на таа листа. Да бев претседател на фудбалската асоцијација, би се земал предвид себеси, заедно со другите“, рече Конте.

„Зошто? Би го земал Конте од многу причини. Веќе сум работел со репрезентацијата и ја познавам околината. Тоа ми ласка бидејќи претставувањето на мојата земја е прекрасна работа. Имам уште една година од договорот и на крајот од сезоната ќе седнам со претседателот да разговараме за мојата иднина.“