Диетата на Александра Радовиќ, поради која ослабела 10 килограми: Пејачката изгледа подобро од кога било досега, а се придржувала до овие правила

Кармин

24/02/2026

18:52

636

Големина на фонт

а а а

Александра Радовиќ важи за една од најдобрите поп пејачки на нашите простори, а покрај раскошниот вокал, публиката ја освои со атрактивниот изглед.

Александра Радовиќ во последните години строго води сметка за својата исхрана, но во еден период од животот варирала со тежината.

Имено, пејачката своевремено добила неколку непосакувани килограми и одлучила да ги промени своите навики во исхраната за да се ослободи од овој вишок.


Александра се трудела да најде најдобар начин како да ја доведе тежината до идеалната за неа, а во тоа успеала благодарение на исхраната и физичката активност.

Набрзо посакала да примени диета што ја избалансирала нејзината исхрана, а клучно е тоа што избегнува да јаде тесто. Таа појадува житарици со јогурт, руча главно пилешко со спанаќ, а вечера салата.

„Имам избалансирана исхрана, внимавам на внесот на леб, брашно, тесто. Благ сакам, но не јадам постојано, туку само кога навистина ќе ми се допадне. За изгледот малку заслужна е и генетиката, бидејќи во моето семејство сите изгледаат добро и младо“, рекла Александара, а пејачката додала:


„Секое утро одам на тренинг, тоа го препорачувам на сите жени. За да се губи на тежина, важна е секојдневната физичка активност. За сите овие години тоа се покажало како добитна комбинација во борбата против вишокот килограми. Жените обично се оправдуваат дека немаат време, но тоа не смее да биде изговор. Нека најдат некоја теретана блиску и секое утро по 45 минути брзо да пешачат на лента. Кога имам повеќе слободно време, правам подолг тренинг или одам на пливање. Во пролет и лето практикувам и брзо пешачење во природа. Сакам паркови и шуми.“

Покрај пешачењето, таа практикува и други вежби, во кои навистина ужива.


„Сакам чучњеви, прескокнување јаже, стомачни вежби со шипка и топка. Баш сè ми одговара! Многу често, кога имам гостување во некоја утринска програма, веднаш од телевизијата, со целата шминка, одам на тренинг. Навистина се трудам да не пропуштам ниту еден тренинг“, заклучила Александара Радовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk