ФФМ транспарентно ги достави дописите на УЕФА за сомнителните натпревари во мак-фудбалот

Дерби

24/02/2026

13:25

219

Големина на фонт

а а а

Фудбалската Федерација на Македонија транспаратетно ги споделува сите одлуки кои ги носи како најважно фудбалско тело во нашата земја, а по низата шпекулации кои се појавија за фудаблски местенки во нашата земја, сега реши транспаретно да ги сподели и сомнежите кои ги има УЕФА.

Европската фудбалската Федерација испратила серија дописи до ФФМ поради сомнеж дека се наместени неколку натпревари, за кои се отворени истраги поради високи уплати.

Од Федерацијата објавија дел од содржината која ја има на документите доставени од УЕФА, со напомена дека истите не се прикажани во целост за да се заштитат чувствителните податоци за кои се уште има истрага.

Под истрага се натпреварите меѓу Башкими-Шкендија (1:3), Струга-Башкими (6:0), Работнички-Охрид (8:2) и Охрид-Тетекс.

– Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА.

– Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.

– Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.

– Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.

– Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување, – гласи објавата на ФФМ.