Шешко претрча 70 метри при убиствената контра која заврши со гол на Јунајтед

Дерби

24/02/2026

12:33

288

Големина на фонт

а а а

Бенјамин Шешко засега има статус на резерва во ротацијата на Мајкл Карик и се задоволува со минутажа како резерва, но ако ја одржи формата која ја прикажува во последно време, Словенецот доста брзо може да се најде и во стартната постава.

Шешко го надмина тешкиот период на адаптација и изгледа се подобро под водство на Карик, а доказ за тоа се и трите гола кои ги постигна како „џокер“ од клупата на последните четири натпревари.

Напаѓачот стрелаше против Фулам и Вест Хем, а вчера истрча извонредна контра и донесе голема победа за Јунајтед на гостувањето во Ливерпул.

Играчите на Евертон немаа решение за убиствената контра во три потези, акција која ја започна Куња, беше продолжена од Мбеумо, а завршена од Шешко.

Бенјамин извонредно ја намириса опасноста и претрча 70 метри за да се најде во противничкиот шеснаесетник, при што презентираше и извонредна брзина за своите 195 сантиметри висина.