Педри и Феран Торес беа дел од познатото „Ел Ормигеро“ шоу кое го води Пабло Мотос, а како специфични гости кои зборуваа и на теми кои не се поврзани за фудбалот, на крајот мораа да се задржат и на тоа што им е секојдневна обврска како професионалци.
Двете ѕвезди на Барселона се важен дел од тимот на Ханси Флик и во шоуто говореа за ригидните правила кои пора да се почитуваат кога сте тренирани од Германецот, но одговорија во еден глас и на интересно прашање кое им го постави водителот.
Пабло Мотос се обиде да дознае која е ѕвездата на Реал Мадрид која би ја купиле и довеле во Барселона, по што двајцата без многу размислување издвоија едно име.
– Мбапе, – порача Педри, по што Феран се согласи и исто така го повтори името на Французинот.
– Имаме добар однос со играчите од Реал Мадрид. Не сме пријатели и не си се јавуваме секој ден, но имаме коректен однос, – објасни Педри, откако Мотос го запраша и дали владее „зла крв“ поради лутото ривалство.
El fichaje del Real Madrid de @Pedri y @FerranTorres20 #FerránPedriEH pic.twitter.com/XOE1bbaZHr
— El Hormiguero (@El_Hormiguero) February 23, 2026








