Мурињо го откажа пресот, Рио излезе со свој став за изјавата на „специјалниот“

Дерби

24/02/2026

13:21

338

Големина на фонт

а а а

УЕФА реши привремено да го суспендира Џанлука Престијани и го остави без настап на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, одлука која дојде по бурата реакции за наводниот расистички инцидент кој се случи на „Луж“.

Целата ситуација беше пријавена од Винисиус Жуниор и во изминативе седум дена се крена голема прашина околу тој момент, па во период кога дојдоа разноразни реакции за целиот случај, се уште актуелна е изјавата која ја даде Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ не избра страна и нагласи дека не може да збори со сигурност за тоа какви зборови изговорил неговиот фудбалер, но затоа нагласи дека Винисиус секогаш е оној кој ги иницира провокациите и вината ја побара кај ѕвездата на Реал Мадрид.

Мурињо доби осуда за ваквата изјава и поради жестокиот притисок го откажа пресот кој требаше да го одржи, а целата оваа драма го натера Рио Фердинанд да има вклучување во живо и да застане во одбрана на Жозе.

– Мислам дека ќе дојде време кога Жозе ќе седне на маса и ќе каже „имав погрешен пристап на цела ситуација“. Не може да го етикетираме Жозе како расист.

– Мурињо како тренер има направено премногу за низа црномурести фудбалери од целиот свет. Многумина од нив го гледаат како свој татко, па затоа не може никој да доведе во прашање такво нешто. Едноставно е, тој пристапи погрешно на целата ситуација и нависитна сакам да слушнам како размислува во овој момент, – порача Фердинанд за откажаниот прес на Португалецот.