Сен Ламенс беше пречекан со голем скептицизам од англиската јавност и многумина го доведоа во прашање потегот на клубот, особено во ситуација кога беше ангажиран млад и недокажан голман во период кога се преговараше и со Емилијано Мартинез.
На крајот, Рубен Аморим и директорите на Манчестер Јунајтед решија да се свртат кон иднината и да го ангажираат белгискиот голман, а шест месеци подоцна, слободно може да се каже дека добија џек-пот меѓу стативите.
Во денови кога доби јавни пофалби од Едвин Ван Дер Сар, Ламенс се чини ја имаше најдобрата изведба во дресот на Јунајтед, и тоа на гостувањето во Ливерпул кај Евертон.
Покрај Шешко, Ламенс е главна причина за трите бода кои ги освои Јунајтед, па сосема оправдано, чуварот на мрежата го понесе и МВП признанието по победата од 0:1.
Белгиецот донесе голема стабилност на голот и изгледа навистина спокојно и во моменти кога има сериозен притисок, па така синоќа режираше импресивна парада по „бомбата“ која ја испрати Кин во обид да израмни на 1:1.
What a performance 😮💨 pic.twitter.com/i06gRfFJfU
— Manchester United (@ManUtd) February 23, 2026








