Драмата за опстанок во Ла Лига донесе и шеста тренерска жртва во Шпанија

Дерби

24/02/2026

10:49

204

Големина на фонт

а а а

Барселона и Реал Мадрид ќе водат жестока битка за титулата во Ла Лига до крајот на сезоната, но се чини дека уште пожестока ќе биде битката за опстанок, за која оваа година има повеќе кандидати.

Реал Овиедо и Леванте изгледаат како најсигурни патници за Втората лига во овој момент, но третото место кое оди во понизок ранг е навистина неизвесно и во овој момент дури осум екипи се во шест бода.

Џирона како единаесетта на табелата со 30 бодови има блага предност пред 18-то пласираната Мајорка која во овој момент е под цртата, но во битката за опстанок се и Елче, Валенсија, Рајо Валјекано, Алавес, Хетафе и Севилја.

Драмата добива заплет од коло во коло, а бидејќи Мајорка не успеа да победи и на трет меч во низа, раководството одлучи да направи промена во обидот да се избори опстанок.

Тимот од шпанскиот Остров претрпе трет пораз во низа, а тој се покажа како погубен за Јагоба Арасате кој одлично си ја вршеше работата во изминатите две години.

Арасате е шеста тренерска жртва во Ла Лига од стартот на сезоната, откако претходно откази заработија Пауновиќ (Овиедо), Калеро (Леванте), Карион (Еибар), Франсиско (Реал Сосиедад) и Чаби Алонсо (Реал Мадрид).