Важен играч на Тотенхем го игнорираше Тудор уште на дебито против Арсенал

Дерби

24/02/2026

10:47

265

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор се соочи со реалноста уште на првиот натпревар како менаџер на Тотенхем и сфати дека има многу голема работа во тимот кој го наследи од Томас Франк, нешто за што најдобра илустрација е тешкиот пораз од Арсенал во големото дерби на Северен Лондон.

Конечниот резултат 4:1 јасно ја отсликува големата разлика меѓу двата тима, но фактот што Тотенхем делуваше крајно неопасно во голем дел од мечот ги прави работите уште покомплицирани за Хрватот кој доаѓа како спасител за „петлите“.

Тудор по средбата нагласи дека тимот ќе мора да искорени некои лоши навики кои ги стекнал во минатото, а јасен приказ за тоа е и непослушноста на дел од фудбалерите.

Имено, Хрватот беше уловен како залудно му дава инструкции на Мики Ван де Вен за време на големото дерби со Арсенал, а игнорантниот однос на стоперот брзо наиде на критики во јавноста.

Дефанзивецот на „петлите“ не обрна големо внимание на зборовите на новиот менаџер, па ова е само елемент плус со кој ќе треба да се занимава Тудор во периодот кој следи.