Вембањама и Сан Антонио пресилни и за најдобриот тим на Истокот

Дерби

24/02/2026

10:45

144

Големина на фонт

а а а

Сан Антонио значително ја подигна формата откако играше финале во НБА Купот, па стигна до фаза да се бори и за првото место на Западот кое изгледаше сигурно за Оклахома.

Спарси се на само три победи од Тандерси со натпревар помалку во НБА лигата, а рано утрово покажаа дека се во толку добра форма, што успеаја да го победат и најдобриот тим на Истокот на негов терен за деветти триумф во низа.

Детроит останува сигурен како првопласиран во својата конференција и по овој пораз, додека Сан Антонио полека се стреми кон врвот и покажува квалитети кои можат да донесат и возбудливо плеј-оф разигрување после неколку разочарувачки сезони во низа.

Сан Антонио го доби дербито со 103:114 и покрај тоа што Вембањама немаше најдобра шутерска вечер, но и во такви услови, францускиот „вонземјанин“ запиша 21 поен, 17 скокови, 4 асистенции и дури 6 блокади.

На останатите натпревари кои се играа во НБА лигата, Хјустон на домашен терен ја совлада Јута со 125:105, додека Сакраменто како гостин славеше во Мемфис со 114:123.