Зимските олимписки игри се во полн ек и полека се влегува во втората натпреварувачка седмица во Милано/Кортина, а изминативе денови, доста популарни беа скелетон натпреварите во поединечна конкуренција.
Од првиот настап во оваа конкуренција, медиумите посебно внимание му посветија на Владислав Хераскевич од Украина, а причина за тоа е неговата кацига која доби „вето“ од страна на меѓународната олимписка организација.
Украинскиот спортист настапи на Олимписките игри со „кацига на честа“ на која ги има лицата на 24-ри украински спортисти кои се убиени за време на војната со Русија, а откако доби наредба во иднина да не се појави во такво светло, Владислав реши да не оди против себе и својата идеологија.
Хераскевич доби дисквалификација од Олимписките игри и нема да има право да се натпреварува во останатите дисциплини во Милано/Кортина, а Меѓународниот олимписки одбор во своето соопштение нагласи дека била понудена солуција за спортистот, која тој решил да не ја прифати.
Наместо „спорната кацига“ која самиот Владислав ја нарече „кацига на честа“, Меѓународниот олимписки одбор му понуди да носи црна лента на своето спортско одело, но откако ова беше одбиено од Украинецот, дисквалификацијата беше активирана ова утро.
– Владислав не стартуваше денес, но не беше сам, цела Украина беше зад него. Кога еден спортист ќе застане зад вистината, честа и сеќавањето, тоа е повеќе од победа, – гласи објавата на украинскиот олимписки комитет.
You can ban a helmet.
— Volodymyr Groysman (@VGroysman) February 12, 2026
You can pretend that “war is beyond sport”.
But you cannot ban memory.
You cannot erase the truth.
The world may pretend to be neutral.
But neutrality in the face of evil is complicity.
Respect to Vladyslav Heraskevych.
For his character. For his stance.… pic.twitter.com/0Xi32UX3kM












