Дурент се сврте против Јокиќ и Дончиќ: Погледнете ги што прават…

Дерби

12/02/2026

14:17

965

Големина на фонт

а а а

Последните неколку години големиот НБА Ол-стар спектакл стана едно обично клише, односно натпревар кој големите кошаркарси ѕвезди не го сфаќаат воопшто сериозно.

НБА лигата како асоцијација се обиде да го промени форматот и воведе неколку промени за да го зголеми натпреварувачкиот дух, а во период кога јавноста се подготвува за Ол-стар мечот кој се игра претстојниов викенд во Лос Анџелес.

Кевин Дурент како еден од најискусните на случувањето ова утро доби едно скокотливо прашање за тоа дали планира да го даде максимумот, па ѕвездата на Хјустон се нафрли на играчите од светот, или поточно на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ кои според него овој настан не го сфаќаат воопшто сериозно.

– Дали ќе го дадам максимумот? Тоа треба да ги прашате играчите од Европа и членовите на тимот од светот. Треба да ги прашате дали сакаат да се натпреваруваат. Погледнете ги Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, погледнете како се однесуваат на Ол-старот, сами заклучето дали тоа е натпреварување.

– Никогаш не ги прашувате што прават они, но затоа ги прашувате „старите глави“ од Америка. Јокиќ и Дончиќ изгледаат како играчи кои воопшто не се заинтересирани за кошарка на Ол-старот. Лежат на подот, шутираат од пола терен, а потоа вие се грижите дали поискусните играчи ќе одиграат сериозно и жестоко. Ве читам меѓу редови, но морав да го кажам ова, – порача Дурент.