Австралиски сноубордер си го скрши вратот на ЗОИ

Точка

12/02/2026

13:43

987

Големина на фонт

а а а

Австралискиот сноубордер Кем Болтон доживеа тешка повреда и си го скрши вратот на Зимските олимписки игри во Милано.

Еден од главните фаворити за злато во таа дисциплина побара медицинска помош по немилиот инцидент во Ливињо, иако по падот нормално стана и се оддалечи од рампата на која се натпреваруваше. Сепак, по извршените скенови се покажа дека состојбата е посериозна отколку што првично се мислеше.

Утврдено е дека Болтон има скршеница на вратот на две места, по што итно бил префрлен со хеликоптер за понатамошно лекување и закрепнување.


Болтон минатата година освои сребрен медал на Светското првенство во швајцарски Енгадин, во пар со Миа Клифт.


Олимпискиот комитет на Австралија веќе му обезбеди замена во ликот на дебитантот Џејмс Џонстон, кој ќе настапи заедно со Адам Ламберт и Џарид Хјуз во квалификациите во четврток.