Седлоски и играчите во исчекување: Македонија вечерва ги дознава противниците во ЛН

Дерби

12/02/2026

15:03

285

Големина на фонт

а а а

Енис Барди како капитен и Гоце Седлоски како нов селектор направија своја најава за ждрепката која ќе се одржи во Брисел оваа вечер, а по која Македонија ќе ги дознае своите ривали за новото издание на Лигата на нации.

Натпреварувањето преку кое изборивме историски пласман на Европско првенство дефинитивно ни носи добри спомени, па откако тимот успеа за првпат да направи скок во Б дивизијата, националната селекција сега ќе биде дел од доста поелитен круг.

За првпат од стартот на ова УЕФА натпреварување, Македонија ќе биде дел од втората квалитативна група, а на ждрепката во Брисел ќе чекаме ривали од четвртиот сад.

Македонија е во ист кош со селекции како Шведска, Северна Ирска и Косово, селекции кои исто така изборија пласман за Б сегментот како победници во своите групи во Ц дивизијата.

Носители на четирите групи кои ќе се состават во Б сегментот се Шкотска, Унгарија, Полска и Украина, па вечерва после 18:00 часот ќе дознаеме во која група ќе се најде македонската репрезентација.

Во вториот сад се сместени Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, а додека во третиот се наоѓаат националните тимови на Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Календарот на УЕФА налага дека оваа година натпрварите во Лигата на нации ќе се играат во месец септември, октомври и ноември.