[ФОТО] Погледнете како изгледа легендарната Моника Селеш денес: Славната тенисерка се бори со ретка болест

Точка

11/02/2026

08:25

1.809

Големина на фонт

а а а

Селеш објави фотографија од теретана и потсети дека се заколнала дека ќе води здрав начин на живот.

По долго време, тениската легенда Моника Селеш објави своја фотографија на социјалните мрежи.

Победничката на девет титули од Гренд слем минатата година откри дека ѝ е дијагностицирана ретка болест - мијастенија гравис, односно невромускулна автоимуна болест која предизвикува слабост во мускулите.


И покрај сè, 52-годишната Моника која е родена во Нови Сад, која поминала низ многу во текот на својата кариера, вклучувајќи и напад со нож од психопатски навивач, останува позитивна и работи на тоа да го одржи своето тело здраво.

Селеш објави фотографија од теретана и потсети дека се заколнала дека ќе одржува здрав начин на живот.

„Малку доцнам со мојата новогодишна одлука, но си потсетувам да бидам љубезна и да ја прифатам идејата дека е подобро да се започне подоцна отколку никогаш“, напишала таа во објавата.

Во исклучително богатата кариера, популарната Мала Мо освои дури 53 титули и заработи околу 16 милиони долари.

Девет пати го крена трофејот наменет за шампионката на Гренд слем турнирите. Четири пати го освои Австралија Опен, три пати Ролан Гарос и двапати УС Опен.


Таа имаше само 16 години кога го крена трофејот на Ролан Гарос, со што стана најмладата победничка на Гренд слемот во Париз. Во 1991 година, таа стана и најдобрата тенисерка на планетата. Светот беше пред нејзините нозе...


Сепак, еден монструозен напад целосно го промени нејзиниот живот и кариера. Најмладата шампионка во историјата на тенисот речиси го загуби животот кога беше двапати избодена во грб во Хамбург во 1993 година од еден полуден обожавател на нејзиниот конкурент Штефи Граф.

📸 Повеќе фотографии од Моника Селеш: