Во моментот на „витештво“ којшто станал вирален на интернет, јапонскиот одбојкар Јуџи Нишида покажал неверојатни вештини на лизгање додека традиционалното извинување го довел до крајност, откако ненамерно со топка удрил девојка покрај теренот.
26-годишникот којшто учествувал во предизвикот за сервис на полувреме на настанот „All-star“ во Кобе на западот од Јапонија, изгледал згрозено откако неговиот сервис со лева рака удрил во девојка која се наоѓала покрај теренот.
This apology was more powerful than the serve itself 🥹📷🇯🇵 FULL VIDEO pic.twitter.com/jstk9ZWeYe
— World Daily Feed (@WorldDailyFeed) February 2, 2026
Меѓутоа, Нишида тука не застанал. Тој клекнал и продолжил да се поклонува, во еден момент склопувајќи ги двете дланки. Поклонувањето продолжило и додека станувал, што предизвикало сличен гест и кај насмеаната и по малку засрамена девојка.
Видеата од сцените привлекле милионски прегледи на социјалните мрежи. Еден навивач го пофалил одбојкарот за неговото „уметничко дело“.
Далеку од глобално гледаниот момент на Нишида, тој импресионирал на терен, помагајќи му на својот тим да победи со 3:0 и да ја освои наградата за најкорисен играч на турнирот, според стриминг сервисот „AbemaTV“ којшто го пренесува турнирот.
japanese volleyball player makes the most genuine apology after accidentally hitting someone with his serve pic.twitter.com/YlfLtLnupY
— Shibetoshi Nakamoto (@BillyM2k) February 1, 2026
Инаку, најекстравагантниот облик на извинување во јапонската култура е догеза којашто исто така се користи и за изразување на длабока почит.
Кога се користи како извинување, личноста која згрешила паѓа и се поклонува така што со челото го допира подот. Иако догезата ретко се гледа во јавноста, политичарите погодени од скандали ја користеле еднакво за да го изразат своето каење.














