Порто како сигурен лидер на табелата замина на гостувањето кај Каса Пија и се очекуваше да има рутинска задача против тимот кој се бори за опстанок, но наместо тоа, португалската јавност беше сведок на сезнација.
Каса Пија направи огромно изненадување и му го нанесе првиот пораз на Порто оваа сезона во домашното првенство, а во завршницата имаше и мала помош во обидот да ги одбрани конечните 2:1.
Домаќините профитираа од двата гола во првиот дел, а иако Порто се врати веднаш по рестартот, до крајот не успеа да постигне уште еден гол.
Избраниците на Франческо Фариоли дадоа се од себе во намерата да дојдат до израмнување, но Вилијам Гомеш малку и претера во една ситуација, кога буквално со копачка удри во главата на противникот.
Напаѓачот на Порто го удри со крампони противничкиот стопер, па сосема заслужено му беше покажан директен црвен картон за „старт за во затвор“.
A entrada criminosa de William Gomes 😳pic.twitter.com/nXIA3Japv7
— B24 (@B24PT) February 2, 2026








