Кристоф Дигари е еден од најжестоките аналитичари на случувањата во францускиот фудбал, но често знае да се јави во јавноста и по реализирање на големи трансфер зделки како што е онаа последната меѓу Ливерпул и Рен.
Англискиот шампион направи изненадувачки трансфер во завршницата од зимскиот преоден рок и плати 70 милиони евра за фудбалер кој се уште не е докажан, но кој во Франција важеше за огромен фудбалски талент.
Жереми Жаке има 20 години и допрва ќе треба да се оформува како стопер, но наредното лето ќе биде дел од првиот тим на Ливерпул како фудбалер кој ќе чувствува и притисок од 70 милиони евра.
Ливерпул и Рен се договорија Жаке да остане во францускиот прволигаш до крајот на сезоната, по што Жереми ќе ги почне подготовките за новата сезона со новите соиграчи.
– Не сакам да го навредам фудаблерот, тој нема никаква вина за ваков луд трансфер. Му посакувам се најдобро, се работи за добар фудбалер, но 70 милиони евра….. Секоја чест за Рен, извонредно завршена работа. Најдоа будали кои платија 70 милиони евра.
– Само нека продолжат така, тука мислам на сите англиски клубови. Само нека продолжат да се расфрлаат со пари. Тука веќе не се работи за покажување на моќ, тука се гледа дека се губи здравиот разум. Малку ми е жал и за самиот Жаке, тој ќе има огромен притисок поради сумата која ја плаќа Ливерпул. Навистина не знам во кој правец тргна фудбалот, ова е навистина смешно, – изјави Дигари.








