Марио Кемпес важи за еден од најдобрите голгетери во историјата на аргентинскиот фудбал, а поради значењето и публицитетот кој го има во својата родна земја, сега привлече доста внимание со изјавата која ја даде за еден сонародник.
Франко Мастантуоно направи голем трансфер во Реал Мадрид од редовите на Ривер Плата, па иако станува збор за фудбалер кој многу ветува и кој може во иднина да биде лидер на теренот, Кемпес го предупредува дека во Реал Мадрид не се дава многу простор за чекање.
Мастантуоно доби доста шанси од Чаби Алонсо на стартот на сезоната, ужива доверба и од Алваро Арбелоа во оваа почетна фаза на новиот тренер, но Кемпес вели дека тоа брзо може да се промени ако не почне да има некој позначаен учинок на теренот.
– Не е лесно да се игра за Реал Мадрид. Реал не е Ривер, не е ни Бока, Реал е Реал. Во Мадрид мора да победуваш дури и на тренинзите. Мастантуоно мора да биде похрабар на теренот, мора да биде поодлучен.
– Дојде од Ривер поради тоа што правеше разлика со силни удари од дистанца и со дриблинзи, сега тоа не го гледам во Реал Мадрид. Ако не ги користи своите оружја, нема да трае долго во Реал. Мора да се охрабри, да го прави тоа што го правеше во Ривер. Да шутира од далечина, да дрибла, да игра одлично. Тој мора да се жртвува 20 пати повеќе од Мбапе, Винисиус и Родриго, – порачува Кемпес.








