Артета потврди загуба на важен „џокер“ до крајот на сезоната: Заработи многу чудна повреда

Дерби

03/02/2026

14:30

261

Големина на фонт

а а а

Микел Артета полека влегува во фаза од сезоната кога мора да го бара најдоброто од своите фудбалери, бидејќи традицијата во минатото покажа дека неговиот Арсенал знае да потклекне во завршница два-три месеци од сезоната кога се бори за титулата во Премиер лигата.

На влезот во месец февруари, Арсенал има шест бода повеќе од Манчестер Сити како првопласиран на табелата и важи за главен фаворит за трофејот, но во обидот да се стигне до такво нешто, Артета ќе мора да бара решенија без Микел Мерино.

Шпанскиот репрезентативец кој повремено е стартер и кој најчесто го користеше како „џокер“ од клупата заработи незгодна повреда на стапалото, поради која сега ќе мора да направи операција.

Прогнозите се дека Мерино ќе биде во аут со месеци, а Артета најави дека најверојатно сезоната за него е завршена и дека главен фокус ќе му биде Светското првенство.

– Микел е голем играч за нас, играч кој носи голема разновидност на теренот и кој има капацитет да игра на повеќе позиции. Затоа сметам дека ова е тежок удар за нас. Ова е удар за мене, за него, за сите соиграчи. За жал, најверојатно нема да можеме да сметаме на него до крајот на сезоната.

– Станува збор за чудна повреда и останува да се види како ќе се опорави од операцијата и како ќе оди напредокот од ден во ден. Знам дека ќе даде се од себе да се врати, но не можам да кажам дека ќе игра на Светското првенство. Станува збор за повреда која е чудна и никој не знае колку точно ќе отсуствува, – изјави Артета.