Вардар доби нов термин за одигрување на натпревар поради Мурињо и ѕвездите на Реал

Дерби

03/02/2026

13:25

173

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид отпадна од топ осум во последната рунда од првата фаза и самиот направи да игра во баражот за осминафинале во Лигата на шампиони, рунда од која дел ќе биде и Бенфика.

Во реприза на лудиот натпревар кој го одиграа двата ривали, Бенфика и Реал Мадрид ќе имаат двомеч и во плејофот за следната рунда во најелитното натпреварување, а тоа донесе мала измена и на распоредот кој го имаше Вардар.

Поради првиот плејоф натпревар меѓу Бенфика и Реал во Лисабон, водечките структури на португалскиот великан решија да го преместат првично закажниот термин за дуелот меѓу Вардар и Бенфика во ракометната Лига на Европа, па наместо во 20:45 часот, истиот ќе се игра во 18:45 часот на 17-ти февруари.

Главна причина е терминот на големото дерби во фудбалската Лига на шампиони кое се игра истиот ден, а значењето на Мурињо и гостинот кој доаѓа од Шпанија, направија натпреварот на ракометниот тим да биде во втор план.

Бенфика избори плејоф со голот на Трубин во 98-та минута од мечот со Реал, па јасно е дека двомечот ќе биде уште повозбудлив поради незаборавните сцени од „Луж“.