За нив велат дека се најубавите сијамски близначки: Работат две работи за една плата, делат момчиња, но - очигледно се генерирани од "AI"

Точка

30/01/2026

12:41

1.478

Големина на фонт

а а а

Најубавите сијамски близначки од Мајами ја интригираат јавноста, но многумина се сомневаат дали се реални или дигитална креација.

Валерија и Камила од Мајами (25) се сметаат за најубави сијамски близначки на социјалните мрежи. Нивниот "Instagram" профил го следат повеќе од 230.000 луѓе, а фановите често ги засипуваат со комплименти, па дури и со брачни понуди. Сепак, многумина се сомневаат во нивната автентичност – сестрите изгледаат толку совршено што некои веруваат дека всушност се производ на вештачка интелигенција.

„Две глави, една вибрација“, пишува во описот на нивниот профил, што јасно укажува дека станува збор за сијамски близначки. Иако за нив нема многу детални податоци на интернет, во Q&A разговори со фановите сестрите открија неколку детали од својот живот.


Споен живот, но различни личности

Валерија и Камила се родени пред 25 години и живеат на Флорида. Иако поминале низ неколку неуспешни операции, не можат да бидат разделени бидејќи делат едно тело поврзано со ’рбетниот мозок. Приватниот живот, поради тоа, е комплициран – девојките мораат да делат партнер, што често предизвикува несогласувања, бидејќи секоја има свој вкус.

Гардеробата им е одвоена, додека шминката ја делат, а двете имаат по два телефони, два пасоша и две возачки дозволи. Се занимаваат со сметководство, но примаат една плата. Редовно одат во теретана, а својата фигура ја одржуваат со меѓусебна инспирација, но и со повремени расправии.

„Принудени сме на тимска работа“, објаснуваат низ шега.


Сомнеж во автентичноста

Сепак, многумина се сомневаат дека Валерија и Камила всушност се дигитална креација. Фотографиите и видеата изгледаат речиси премногу совршено, со симетрични црти на лицето и неприродна текстура на кожата, што експертите за дигитални медиуми го сметаат за знак на AI-обработка.

„Нема смисла ни да се расправа за тоа, очигледно се генерирани“, „Како да излегле од серијата ’American Horror Story‘“, се дел од коментарите. Многу IT и дигитални експерти истакнуваат дека неправилностите во пропорциите и обработените фотографии укажуваат дека сестрите можеби не се реални личности.


Монетизација на виртуелната популарност

Експертите за дигитални измами објаснуваат дека ваквите проекти можат да бидат профитабилни, бидејќи креаторите ја користат емоционалната поврзаност на следбениците за монетизација. Границата меѓу реалниот и виртуелниот свет денес е толку тенка што многумина лесно веруваат во илузијата, без да ја проверуваат нејзината автентичност. Ако и случајот на Валерија и Камила е таков, тоа не би било ни прв ни последен пример во ерата на дигиталните ѕвезди.