Олимписка шампионка отвори профил на "OnlyFans": Откри и зошто решила да се соблече и да го покаже своето тело!

Точка

29/01/2026

10:28

1.257

Големина на фонт

а а а

Девојката од Берлин уште пред неколку години, заедно со колешките, се фотографирала за списанието „Playboy“.

Сè повеќе спортисти се вртат кон содржини за возрасни и календари со разголени фотографии поради недостиг од пари, спонзорства и високите трошоци.

Една од оние што одлучија да отворат профил на „OnlyFans“ е и олимписката шампионка во боб од Германија, Лиза Бухвиц.


Тренинзи во бикини

Германските медиуми открија дека Лиза Бухвиц (31), освојувачка на златен медал во женскиот боб на Олимписките игри во Пјонгчанг и светска шампионка од 2024 година, неодамна отворила профил на „OnlyFans“ – платформа базирана на претплата која нуди ексклузивна содржина за возрасни.

Бухвиц, родена во Берлин, не се разголува и не објавува експлицитни фотографии. Германката поставува свои видеа на кои тренира во спортски градници, бикини и тесни боб-комбинезони. Секој што сака да ја види оваа содржина мора прво да плати 24,99 долари месечно. Нејзиниот тим, кој е рангиран на четвртото место на ранг-листата на женски двојки на Меѓународната федерација за боб и скелетон (IBSF), прибегнал кон креирање ваква содржина поради финансиски проблеми.

„Само трошоците на тимот во една сезона изнесуваат околу 50.000 евра„ – се пожали Лиза Бухвиц и продолжи: „Тажната реалност на спортовите што не се мејнстрим е дека освојувањето златен медал само по себе не обезбедува спонзорства“.


Потоа Лиза објасни зошто се одлучила на ваков потег.

„Јас не сум порно актерка и никогаш нема да се појавам целосно гола“.

Претходно, Лиза Бухвиц беше позната и по фотографирањето за германското издание на списанието „Playboy“, заедно со други спортистки, како начин да промовира позитивна слика за телото на спортистките. Тоа го направила во 2022 година, пред Олимписките игри во Пекинг.

Таа самата порача дека тоа било чест и признание, бидејќи била единствената германска олимпијка која во тој период позирала за такво списание, и дека ѝ било важно фотографиите да ги прифатат и таа и нејзината околина.


Се соблекуваат и мажи

Нејзиниот колега од германскиот боб-тим, Георг Флајшхауер, кочничар во машката екипа, исто така креирал профил на „OnlyFans“. Тој ја објасни својата одлука:

„Јас не сум порно ѕвезда! „OnlyFans“ ми овозможува да го претставам животот на елитен спортист и мојата физичка подготвеност“.

Шест германски брзи лизгачи две години по ред направиле календари со разголени фотографии, заработувајќи од тоа 3.500 евра во првата година.


Германците имаат проблем со финансирањето на спортот

Лизгачкиот пар Аника Хеке и Роберт Кункел, со 140.000 следбеници на „TikTok“, ја користи својата платформа за финансирање на тренинзите. Алпскиот скијач Франц фон Алмен ја одржал кариерата благодарение на краудфандинг и се појавил како кандидат за златен медал на овој настан.

Во извештај на DPA се наведува:

„Не можат сите да обезбедат спонзорства како спортистите во популарни спортови, како биатлонот, или да се приклучат на војската или полицијата. Многу спортисти од зимските спортови се мачат да ги покријат трошоците за тренинг само со поддршка од германската спортска фондација“.