Трубин по „чудото“ во Лисабон: Луд момент, не знаев…

Дерби

29/01/2026

12:56

241

Големина на фонт

а а а

Екипата на Бенфика имаше минимални шанси за пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите или поточно многу работи требаше да се поклопат, а меѓу нив тие да го добијат Реал Мадрид кој пак имаше свои причини за позитивен резултат во Лисабон.

На крајот работите се наместија за португалскиот великан со тоа што последните мигови донесоа сцена, ситуација за паметење затоа што голманот Анатолиј Трубин успеа да постигна гол во судиското продолжение, погодок за 4-2 кој ја однесе Бенфика во наредната фаза во елитното натпреварување.

Украинецот стана само петти голман кој стрелал во оваа конкуренција по Синан Болат, Иван Проведел, Ханс-Јорг Бут и Винсент Енјема.

- Не знаев што ни е потребно. Потоа ги видов сите како ми велат да одам во шеснаесетникот. Го видов нашиот тренер и не знам… не знам што да кажам. Беше луд момент. Не сум навикнат да постигнувам голови. Имам 24 години и ова ми се случи за прв пат во кариерата. Неверојатно е, - истакна Трубин по натпреварот.