[ФОТО/ВИДЕО] Мајсторе, секоја чест! Двегодишник постави два Гинисови рекорди со трик-удари во снукер

Точка

28/01/2026

19:56

591

Големина на фонт

а а а

Момче од Манчестер влезе во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи во октомври 2025 година, на возраст од само две години и 302 дена, извел два трик-потези во снукер.

Џуд Овенс така станал најмладата личност во историјата што ги извел овие два трик-удари, но и еден од најмладите двократни носители на Гинисови рекорди. 

Таткото на Џуд, Лук Овенс, го забележал талентот и способностите на својот син за снукер дома, каде што оваа игра му била омилена забава.

Лук објаснил дека на почетокот користеле барски столчиња за неговиот син да може да биде во играчка позиција со оглед на неговата висина, додека денес, како што додал, користат обично кујнско столче.

„Мислам дека Џуд постигна многу за краток временски период. Веќе собори два светски рекорди. Како воопшто можете да го надминете тоа?“, изјавил гордиот татко.

„Има повеќе талент од мене“

Еден од членовите на комисијата за Гинисови рекорди изјавил дека Џуд добил посебна дозвола во 2025 година да се натпреварува на натпреварување во Велика Британија и потврдил дека момчето од Манчестер е најмладата личност што имала спонзор за натпреварување во снукер.


„Јас почнав да играм кога имав 10 години, но Џуд почна да игра со две години. Би рекол дека Џуд има многу повеќе талент од мене“, додал таткото на малиот рекордер.

Кога го прашале кој би победил во снукер меч меѓу него и неговиот татко, Џуд самоуверено одговорил: „Јас“.


„Неверојатно и посебно“

Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, Крег Глендеј, нагласил дека соборувањето рекорди отсекогаш им припаѓало на сите, без оглед на возраста.


„Да се види некој толку млад како Џуд со таква вештина, ентузијазам и решителност е неверојатно и посебно. Возбудени сме што стана член на семејството на Гинисовите рекордери“, изјавил Глендеј.