Џерард го предупреди Арсенал: Со искуството и квалитетот…

Дерби

29/01/2026

12:31

210

Големина на фонт

а а а

Легендарниот англиски фудбалер и некогашен капитен на Ливерпул, Стивен Џерард го предупреди Арсенал и му порача да се подготви за жестока борба со Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата.

„Топчиите“ пропуштија неколку шанси драстично да ја зголемат предноста на табелата, па по нивниот пораз од Манчестер Јунајтед сега разликата е само четири бода што остава се отворено поготово ако се знае дека Арсенал во вториот дел од кампањата ќе треба да гостува на „Итихад“.

Џерард е импресиониран од потезите на Сити во зимскиот преоден рок, трансферите на Антоан Семењо и Марк Геји кои ќе донесат екстра квалитет за Пеп Гвардиола.

- Не се премногу далеку. Ако ги погледнете нивните јануарски потписи, тие го засилија составот. Зборувавме само за Антоан Семењо и колку е добро засилување. Марк Геји исто така би можел да биде навистина важен – бев скршен што воопшто не дојде во Ливерпул, искрено, бидејќи имавме некои проблеми со одбраната. Овие потписи навистина ќе им помогнат и ќе ги поттикнат. Со искуството и квалитетот на Манчестер Сити, никогаш не можете да ги отпишете.

- Мислам дека ќе се пласираат во Лигата на шампионите и не мислам дека ќе исчезнат во трката за титулата во Премиер лигата, мислам дека ќе бидат таму до крајот, - порача Стиви-Џи.