Кливленд го декласираше Лејкерс, Вембањама доминираше во тексашкото дерби

Дерби

29/01/2026

11:58

133

Големина на фонт

а а а

Тимот на Кливленд Кавалирс издвојува убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс од 129:99 во еден од натпреварите кој ја одбележа програмата во НБА лигата.

Се очекуваше ова да биде неизвесен, возвудлив меч до самиот крај, меч на една топка, но по израмнетото прво полувреме (57:55) домаќините го разбија ривалот во вториот дел. „Езерџиите“ се распаднаа во третиот период кој го загубија со 20 разлика, а потоа Кавси рутински ја завршија работата.

Мичел со 25 поени беше лидер кај победникот, Дончиќ беше најефикасен на паркетот со 29 кошеви.

Виктор Вембањама издоминира на тексашкото дерби, а неговиот Сан Антонио Спарс издвојува гостински триумф над Хјустон Рокетс од 111:99.

Французинот имаше дабл-дабл од 28 поени 16 скокови, плус 3 асистенции, 2 асистенции и дури 5 блокади. Ова за „мамузите“ беше 32 сезонско славје со што се втори во западната конференција, додека „ракетите“ со учинок 28-17 се на четвртата позиција.

Инаку Томпсон и Дурент искомбинираа 49 кошеви за Хјустон.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – ЛА Лејкерс 129-99

Индијана – Чикаго 113-110

Бостон – Атланта 106-117

Мајами – Орландо 124-133

Торонто – Њујорк 92-119

Мемфис – Шарлот 97-112

Далас – Минесота 105-118

Јута – Голден Стејт 124-140

Хјустон – Сан Антонио 99-111