[ФОТО] Славната актерка се прошета во „гол фустан“ во Париз: Изданието го надополни со огромна тијара

Кармин

26/01/2026

14:15

1.115

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Тејана Тејлор ги украде сите погледи на ревијата на брендот „Скјапарели“ појавувајќи се во „гол“ фустан – проѕирен модел со тантела што ги истакна нејзините облини.

Тејлор носела модел од брендот на чијашто ревија присуствувала, а фустанот со долги ракави имал извезени цветови и со должина до под колената.


Над фустанот носела капут префрлен преку рамениците. Впечатлива бисерна тијара, заедно со ѓерданот и обетките, ѝ дадоа гламур на оваа модна комбинација. На нозете имала црни салонки со платформа.


Кога влегла на самата ревија, го соблекла капутот и самоуверено позирала за фотографите.


Во текот на четирите дена, од понеделник, 26 јануари до четврток, 29 јануари, на Неделата на женската висока мода во Париз ќе бидат претставени колекциите за пролет/лето 2026 година.


Инаку Тејлор е номинирана за Оскар за споредна женска улога за филмот „One Battle After Another“, а неодамна за доделувањето на Златните глобуси исто така избрала аутфит од брендот „Скјапарели“.

Во интервју за „The Hollywood Reporter“ признала дека номинацијата за Оскар кај неа предизвикала мешавина од воодушевување и изненадување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk