[ФОТО] Кожен фустан со срцевиден изрез кој не се заборава: Модното издание на Софија Вергара го „загреа“ Лос Анџелес

Кармин

23/01/2026

08:45

1.304

Големина на фонт

а а а

Актерката Софија Вергара секогаш знае како да привлече внимание со своите модни комбинации.

Неодамна се појавила на премиерата на филмот „Infinite Icon: A Visual Memoir“ и избрала спектакуларно издание за своето прво појавување на црвениот килим во 2026 година.


Корсет фустанот со ултра длабоко деколте ги привлече сите погледи.

Ѕвездата од серијата „Modern Family“ на овој начин ѝ оддала почит на својата љубов кон корсетите носејќи кожен миди фустан во чоколадна боја кој ги откри нејзините рамена и имаше смел изрез.


Срцевидното деколте ги истакна облините и фигурата на Софија во облик на песочен часовник, а креацијата од половината се спуштала во прав крој.


Дополнителна привлечност на изданието му дале проѕирните кафеави сандали со висока платформа и отворени прсти, кои имале ремен околу глуждот и дополнително ја издолжиле фигурата на актерката.


За оваа пригода Вергара се одлучила за целосно монохроматско издание, покажувајќи ја својата раскошна темнокафеава коса, која ја стилизирала во благи бранови.


Актерката ги нагласила цртите на лицето со земјени и бакарни нијанси, обезбедувајќи природен, а ефектен изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk