Сосема поинаку од нас: Вака Норвежаните ги изолираат куќите и никогаш не им е ладно

Кармин

21/01/2026

16:30

1.497

Големина на фонт

а а а

Начинот на кој куќата е изолирана игра клучна улога во нејзината енергетска ефикасност, но и во квалитетот на секојдневниот живот.

Изолацијата не влијае само на висината на сметката за греење и електрична енергија туку и на чувството на топлина во просторот како и на тоа колку фасадата ќе ги задржи своите својства и изглед.

На ова прашање секоја земја му пристапува различно. Додека кај нас најчестиот избор е стиропорот, во државите со значително постудена клима, како што е Норвешка се применуваат поинакви решенија.


Дрвените куќи се чести во Норвешка

Домувањето во Норвешка се карактеризира со специфичен пристап кон градежништвото. Голем број куќи се изработени од дрво, што е резултат на комбинација од природно окружување, традиција и современи архитектонски решенија.

Благодарение на огромните шумски ресурси, дрвото со векови претставува најдостапен градежен материјал во Норвешка. Кога ќе се спои со квалитетна изолација, се покажува како исклучително ефикасно дури и на многу ниски температури, а истовремено добро се покажало и во услови на зголемена влага.


На норвешките куќи честопати може да се забележи фасадна облога термо-дрво (ThermoWood). Се добива со термичка обработка на дрвото на температури помеѓу 160 и 215 степени со користење на водена пареа. На овој начин значително се намалува неговата способност за впивање на влагата.

На крајот се добива стабилна облога, отпорна на деформација која е позаштитена од мувла и штетници. Истовремено, без проблеми поднесува дожд, снег, мраз и силна сончева светлина.


Популарно ширум Скандинавија

Вака обработеното дрво има добри изолациски особини, а поради намалената влажност и изменетата структура послабо ја спроведува топлината, што значи дека во зима спречува влегување на ладен воздух а во лето прегревање на куќата.

Термо-дрвото потекнува од Финска каде за производство се користи дрво од внимателно контролирани и одржувани шуми. Затоа овој материјал е исклучително популарен ширум Скандинавија.


Но предностите на ваквата фасада не се ограничени само на функционалноста, тука е и естетскиот момент, бидејќи дрвото ѝ дава на куќата природен, топол изглед и лесно се вклопува во различни архитектонски стилови.

Покрај сето горенаведено дрвото е парапропустлив материјал, што овозможува природно испарување на влагата од куќата. На тој начин се намалува можноста за кондензација, го ограничува развојот на мувла и ѝ овозможува на куќата да „дише“ значително поефикасно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk