[ФОТО] Една од најубавите актерки во ретро издание: Стариот модел на фармерки е повторно „ин“, а патиките сигурно ги имате

Кармин

22/01/2026

08:15

1.380

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Марго Роби, која многумина ја нарекуваат најубавата жена на светот, нè врати во „заборавениот“ период со своето лежерно издание и покажа дека ретро облеката е повторно популарна.

Иако е најгламурозна и најзгодна пред камерите, таа најмногу го сака лежерниот стил на облекување и редовно ги следи и ги поставува модните трендови, што го покажа неодамна кога папараците ја фатиле неа и нејзиниот сопруг Том Акерли како шетаат низ улиците на Лондон.


Со овој стил, таа го привлече вниманието на модните експерти и стави до знаење дека еден заборавен тренд се вратил. Нејзините фармерки се ѕвезда на модната комбинација, а станува збор за модел со пократки ногавици, таканаречен цигарет крој.

Марго носела широк џемпер, долг кожен предимензиониран мантил, црвена капа и очила за сонце. Особено внимание привлече спојот на фармерки и познатите „старки“, кои повеќето жени ги имаат во својата колекција, па затоа е јасно колку е лежерен и практичен овој стил.


Иако овој крој на фармерки не е баш омилен, бидејќи должината на ногавиците може визуелно да ја скрати фигурата, сепак Марго нè потсети зошто оваа комбинација беше толку тренди и во никој случај „застарена“. Очигледно ќе ја носиме повторно…


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk