[ФОТО] Живот на -50: Снегот паѓа 8 месеци годишно, а еве како успева да преживее во ледената „пустина“

Точка

18/01/2026

10:09

1.438

Големина на фонт

а а а

Спајс патролира на подрачјето на Арктичкиот национален парк каде снегот паѓа и до осум месеци годишно, а назима денот трае само шест часа. Открил како преживува во тие екстремни услови.

Лекциите од Арктикот покажуваат дека дури и во најекстремните зимски услови топлината може да се зачува, често со помош на многу едноставни и лесно достапни решенија.

Искуството на преживување на – 52 степени Целзиусови, со загревање на моторните тестери со отворен пламен е ретко искуство кое некој го споделил. Токму во таквите ситуации се нашол и арктичкиот ренџер Џош Спајс, додека се обидувал да ги оддели замрзнатите делови за да исече доволно дрва и да ја преживее ноќта на север од Алјаска.

Во време на високи цени на енергија и сѐ поострите зими, неговите совети делуваат изненадувачки практично и применливо.


Спајс, којшто веќе 16 години живее во Фербанкс на Алјаска, истакнува дека клучно е да се спречи губењето на топлината низ влезовите и излезите. Кога температурата во неговото опкружување паднала на – 41 степен Целзиусов, разликата меѓу внатрешниот и надворешниот воздух во неговата колиба достигнала дури 63 степени.

„Кога ќе ја отворите вратата, бранот на ладен воздух е брутален“, изјавил тој.

Идеално решение е затворен арктички влез, но поедноставна и поевтина алтернатива е да закачите волнено дебело ќебе над вратата за да се создаде дополнителен топлотен слој.

Уште еден едноставен трик е нанесување проѕирна фолија на работ од прозорците со помош на фен за коса.

„Дури и најмалата пукнатина, кондензација на стаклото може да замрзне и да донесе дополнителен студ во просторот“.


Зошто печката на дрва вреди злато?

„Печката на дрва е исклучително важна затоа што дава топлина со многу малку влага“, објаснил тој.

Сувиот воздух му помага на телото поефикасно да се загрее затоа што влагата не останува заробена во кожата и на облеката.

Вложете во вистинска облека

За оние кои не се навикнати на температури под нулата, квалитетната облека е клучна. Температурите може да паднат и до – 48 степени Целзиусови, а во текот на зимата по заледените езера може да се возат и автомобили.

Спајс советува купување чизми еден број поголем за во нив да може да носите и дупли чорапи и влошки, без стапалата да ви бидат стегнати.


Добрата циркулација на крвта е пресудна за чување на топлината.

Покрај тоа препорачува и ракавици со тенка постава, но од материјал којшто навистина ја задржува топлината.