[ВИДЕО] Се сеќавате на момчето чиј отказ на работа го поддржаа милиони? Сега горко се кае поради својата одлука

Точка

17/01/2026

18:03

851

Големина на фонт

а а а

Еден припадник на генерацијата Z од Бенгалор, кој стана хит на социјалните мрежи поради видеото во кое најави отказ од „здодевната“ работа, сега се огласи со ново, прилично искрено признание.

Вели дека жали што така „пресекол“, бидејќи по отказот се соочил со лош пазар на труд, па целата приказна повторно покрена расправи за тоа колку е паметно да се напушти работата без конкретен план.

Судир со реалноста по отказот

Во видео на Инстаграм, 22-годишниот Аншул Утаија откри дека дал отказ без друга понуда и дека оттогаш се мачи да најде нова работа. Призна дека одлуката веројатно била избрзана.

„Дадов отказ без план и потоа го имав првиот разговор за работа. И, искрено, жалам што ја напуштив работата“, рече тој во видеото.


Додаде дека го потценил фактот колку е тешко повторно да се започне потрага по работа. „Потценив колку ќе биде тешко. Зошто пазарот на труд е толку лош? Барам веќе некое време, но нема можности“, изјави тој. Утаија рече и дека му се чини дека сега е „предоцна“ да ја повлече одлуката, па видеото го заврши со апел до следбениците да му се јават доколку знаат за отворени работни места.

Вирална објава за напуштање на работата

Да потсетиме, сè започна кога објави видео во кое најави дека планира да даде отказ од работата со полно работно време. Зборуваше дека се чувствува празно и дека му е преку глава од работа во која веќе не ужива.

„Работам работа со полно работно време која воопшто не ми се допаѓа. За мене тоа е ужасно здодевно. Толку ми е преку глава што повеќе не можам да го работам тоа. Се чувствувам како да губам време“, изјави тогаш.

Спомена и дека имал понуди за запишување на два универзитети во Австралија, но ги одбил бидејќи понатамошното студирање не го интересира. Призна и дека неговите родители не биле среќни што напушта стабилна работа.


Популарноста расте, но работа сè уште нема најдено

Кога првото видео стана вирално, Утаија имаше околу 10 илјади следбеници на Инстаграм. Во меѓувреме, тој број повеќе од тројно се зголеми – сега има над 32 илјади.

Во коментарите се јавија и оние што го разбираат и оние што го критикуваат. Еден корисник напиша: „Затоа е важно да се балансира – работи работа што ти дава стабилност, додека паралелно го градиш она што го сакаш“. Друг додаде: „Секоја чест за искреноста, не е лесно тоа јавно да се признае. Среќно“.

Трет ја сумираше поентата: „Најпаметно е да се даде отказ дури кога имаш понуда. Како и да свртиш, секоја одлука има своја цена“.