Во најгледаната трилер серија на „Netflix“, „His & Hers“, се појави неочекуван детаљ – српското Гранд кафе. Сцената со Џон Бернтал ги запали социјалните мрежи.
Во последните денови светот наголемо зборува за новата мини-серија на „Netflix“, „His & Hers“, која од 8-ми јануари молскавично се искачи на листата на најгледани наслови и стана вистински избор за љубителите на психолошки трилери.
Иако многу гледачи останаа малку разочарани од самиот крај на серијата — со забелешки дека финалето е премногу клишеизирано и недоволно заокружено — тоа не ја намали вкупната популарност на ова остварување. Напротив, „His & Hers“ масовно се препорачува за бинџ-гледање, како во светот, така и кај нас.
Детаљот што го запали Балканот
Она што особено го привлече вниманието на публиката од Балканот нема врска со заплетот, туку со еден краток, но впечатлив кадар. Имено, во една од сцените Џон Бернтал влегува во продавница додека следи сомнителен маж, а камерата во тој момент го фаќа производот што го купува — Гранд кафе.
Да, добро прочитавте. Српското кафе Гранд се појавува среде Америка, во една од моментално најгледаните серии на „Netflix“.
Овој детаљ не им „избега“ на домашните гледачи, кои речиси веднаш почнаа да ја споделуваат сцената по социјалните мрежи. Балканскиот „Netflix“, како што шеговито се коментира, „гори“ веќе неколку дена поради овој кадар.

Социјалните мрежи експлодираа од коментари
Реакциите беа очекувано духовити и полни со локален шмек:
„Го зел најскапото, оди на слава“, „Па ова е генијално“,, „Џон Србин знае што е добро“, „Ја враќав сцената сто пати, не можев да поверувам“, „Мислев дека си замислувам, па проверив повторно“, „Неверојатно дека сите го забележавме истото“…









