Дали некогаш сте размислувале како седите? Повеќето од нас тоа го прават автоматски, но нашиот став може да открие многу за нашата личност и карактер. Без разлика дали сте поднаведнати, седите исправено, ги прекрстувате нозете или постојано се врткате – овие наизглед безначајни навики можат да понудат вредни информации за вашиот темперамент, самодоверба, па дури и емотивна состојба.
Направете го тестот и дознајте што говори вашата поза на столче за вашата личност, пишува „Сенса“.
Според истражувањата на експерти за однесување, може да се открие нечииот карактер преку положбата на нозете, кои реагираат на потсвесни сигнали и или нè туркаат кон исполнување на желбите, или нè повлекуваат кога се соочуваме со опасност или негативни емоции како нервоза, анксиозност, досада и несигурност.
Интересно е што екипажот во авиокомпаниите е обучен да внимава на луѓето кои седат со прекрстени зглобови – таа поза често укажува на анксиозност или нервоза и потреба од помош.

Овој тест е многу популарен на социјалните мрежи, а луѓето се изненадени од точноста на резултатите. Погледнете ја илустрацијата и размислете во која поза најчесто седите. Не брзајте.
Позиција 1 – исправени колена
Клучни карактеристики: интелигентни, рационални мислители, точни, вредни, љубители на ред, искрени но резервирани.
Истражување на Државниот универзитет во Охајо покажало дека луѓето кои седат со исправени колена се доживуваат како подобри кандидати за работа. Тие имаат здраво самопочитување и често се лидери. Познати се по дисциплина, искреност и рационалност, но не сакаат трачеви или конфликти. Дури и во стресни ситуации остануваат мирни и стабилни.
Позиција 2 – раширени колена
Клучни карактеристики: егзибиционисти, арогантни, осудувачки, краток фокус, брзо се здосадуваат.
Иако може да делуваат самоуверено, овие луѓе често се анксиозни и преокупирани со грешки. Имаат хаотичен ум, се расеани и брзо губат интерес. Често им е потребна надворешна мотивација и водство. Поседуваат желба за нови искуства, но им недостасува дисциплина.
Позиција 3 – прекрстени нозе
Клучни карактеристики: уметнички, креативни, имагинативни, соништачи, повлечени.
Прекрстените нозе укажуваат на креативен дух и богата фантазија. Можеби сте повлечени, внимателни и не многу отворени. Во работна средина, овие луѓе често ги одбиваат новите идеи и не се многу комуникативни.
Позиција 4 – прекрстени зглобови
Клучни карактеристики: елегантни, софистицирани, приземјени, самоуверени, амбициозни, заштитнички.
Ова е позиција што ја применуваат и членовите на британското кралско семејство. Личностите што вака седат се мирни, самоуверени и амбициозни. Одлични се слушатели и многу ја ценат приватноста. Иако изгледаат стабилно, понекогаш оваа поза може да открие и скриена несигурност.
Позиција 5 – зглоб преку бедро
Клучни карактеристики: самоуверени, доминантни, храбри, натпреварувачки настроени.
Овие луѓе се активни, самоуверени и фокусирани на целите. Кариерата им е важна, сакаат простор и приватност и имаат изразено чувство за ред. Но, се склони и кон натпреварување, и можат да бидат тврдоглави во своите ставови.











