Фондацијата „Гејтс“ од 2000 година потрошила 53,8 милијарди долари (околу 46 милијарди евра) на здравство, рамноправност на половите, глобален развој и образование.
Коосновачот на „Microsoft“ Бил Гејтс ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за хуманитарна работа, со што нејзината фондација станала една од најголемите невладини организации на светот, објави „Independent“.

Бил Гејтс и Мелинда Френч го најавија разводот во мај 2021 година по 27 години брак. Дополнително ја поделиле и својата филантропска работа, а Френч Гејтс во мај 2024 година најавила дека ќе поднесе оставка од местото копретседателка на Фондацијата „Гејтс“.
Фондацијата „Гејтс“ од 2000 година потрошила 53,8 милијарди долари (околу 46 милијарди евра) на здравство, рамноправност на половите, глобален развој и образование, наведено е на нивната интернет страница.
Кога Френч Гејтс ја најавила оставката, на социјалната мрежа „X“ напишала: „Според условите на мојот договор со Бил, со напуштањето на фондацијата ќе имам дополнителни 12,5 милијарди долари (околу 10 милијарди евра) кои ќе ги посветам на својата работа во име на жените и семејствата“.

Поголем дел од тие пари наводно се доделени на Фондацијата „Pivotal Philanthropies“, невладина организација основана во 2022 година во состав со пошироката група „Pivotal“ која Френч Гејтс ја основала во 2015 година за да го „забрза темпото на општествениот развој за жените и младите во САД и ширум светот“, се наведува на интернет страницата.