Рака на помирување? Дејвид и Викторија Бекам му го честитаа роденденот на синот Бруклин кој ги блокираше на Инстаграм

Кармин

04/03/2026

17:08

290

Големина на фонт

а а а

И покрај тоа што ги блокираше на социјалните мрежи, Дејвид и Викторија Бекам не пропуштија јавно да му го честитаат роденденот на својот првороден син Бруклин Бекам, кој денеска полни 27 години.

Поранешниот англиски фудбалер на Инстаграм сподели фотографии од детството на Бруклин, очигледно обидувајќи се да испрати порака за помирување. Во објавата го употреби и неговиот детски прекар.

„Денеска полниш 27 години. Среќен роденден, Баст. Те сакаме“, напиша Дејвид Бекам.

Набргу потоа, и неговата сопруга Викторија Бекам сподели фотографии и кратко му порача: „Те сакаме многу“.

Инаку, веќе шест недели трае јавната семејна драма, откако Бруклин изнесе шокантни тврдења и целосно го прекина контактот со своето славно семејство. Според странските медиуми, тој ги блокирал речиси сите членови на семејството на социјалните мрежи, вклучително и својата најмлада сестра Харпер.

Бруклин Бекам живее во САД со сопругата Никола Пелц Бекам, а во последните месеци се обидува целосно да се дистанцира од семејството и блиските пријатели. Во неколку јавни објави тој ја обвини мајка си Викторија дека повеќепати се обидела да го саботира неговиот брак со Никола.

Неодамна од социјалните мрежи го отстрани и познатиот готвач Гордон Ремзи, долгогодишен семеен пријател и човекот кој му бил кулинарски ментор. Овој потег следеше само неколку часа откако Ремзи јавно ја коментираше семејната расправија и го повика Бруклин да не ги заборава своите корени и односот со родителите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk