[ВИДЕО] Ваква не сме ја виделе: Најдобрата тенисерка во светот ги откри градите и ги воодушеви обожавателите

Кармин

03/03/2026

18:30

1.052

Големина на фонт

а а а

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка ги освои срцата на публиката со својата насмевка, шеги и непосредност, но и со малку провокативни објави на социјалните мрежи, каде што има голема армија обожаватели.

Токму поради тоа што секогаш е подготвена за шега и е во добро расположение, Арина стана една од омилените јавни личности, а нејзините објави понекогаш стануваат и вирални. Неодамна беше избрана за заштитно лице на модната куќа „Гучи“, а веста за тоа ги преплави социјалните мрежи.


Меѓутоа овој пат не морала да објави фотографија во бикини, ниту во елегантен фустан за да предизвика вистинска сензација, туку било доволно едно кратко видео во предизвикувачки горен дел, кое подоцна го споделила и една нејзина фан-страница на ТикТок.

Имено за време на Миланската модна недела Арина присуствувала на модната ревија на „Гучи“, а потоа посакала со обожавателите да сподели неколку кадри од настанот што собра бројни големи ѕвезди.


На снимката се гледа Арина како се снима додека шета, при што изгледала мошне провокативно бидејќи ги истакнала градите во црн горен дел, а комплиментите на обожавателите само се редеа.

„Нереална си“, „Сјаеш“, „Ти си спектакл“, „Ти овде и на теренот си две различни личности“, „Те обожавам“, се само дел од коментарите на обожавателите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk