Кога Дајана се мажела за Чарлс, Камила подготвила „пеколен“ подарок: По тоа, принцезата повеќе не била иста – со години ја болело

Кармин

04/03/2026

12:15

666

Големина на фонт

а а а

„Камила не го уништи нашиот брак, туку луѓето околу Чарлс“, ѝ се доверила, непосредно пред трагичната смрт, принцезата Дајана на блиска пријателка.

Сепак, две години претходно во познатата емисија „Панорама“, принцезата од Велс отворено кажа дека „во тој брак имало тројца“ и дека не била во позиција да направи нешто за да ја оттурне од приказната најголемата ривалка, која своевремено ѝ била и пријателка.

Интервјуто што откри сè

„Знаев дека мојот сопруг го обновил односот со Камила, но не можев ништо да направам. Знаев, врз основа на женскиот инстинкт, дека тоа продолжило. Инстинктот никогаш не ме изневерил. Се трудевме да го зачуваме нашиот однос, но беше многу тешко. Мислам дека разделбата беше големо олеснување за двајцата. Кога мојот сопруг побара развод, го поддржав, иако тоа не беше моја волја. Сакам да го пронајде својот мир“, изјави принцезата Дајана во интервју за Би-Би-Си.


Во таа „Панорама“, без задршка, на новинарот Мартин Башир му зборуваше за проблемите со депресијата, отворено призна дека се самоповредувала и дури сакала да изврши самоубиство. Истакна и дека не е точна констатацијата дека немала заеднички интереси со сопругот и дека медиумите погрешно ја перципирале поради неколку непромислени изјави. Но, приказната заврши како што заврши.

Се разделија во 1992 година, а документите за развод ги потпишаа кон крајот на август 1996 година. Точно една година подоцна, Лејди Ди го загуби животот во сообраќајна несреќа.


Тажен епилог на бајката што започна во февруари 1981 година кога ја објавија свршувачката, а продолжи во јули истата година со спектакуларната „свадба на векот“. Речиси милијарда луѓе од сите краишта на планетата го следеа директниот пренос од лондонската катедрала Сент Пол. Меѓу гостите беше и Камила Паркер Боулс, која беше поканета како пријателка на двојката. Дајана подоцна призна дека ѝ било многу непријатно што поранешната девојка на Чарлс присуствувала на толку важен настан.

Подарокот на Камила

Во новата книга за актуелниот британски крал, објавена кон крајот на февруари, авторката Лизбет Бишоф открива и што им подарила Камила во таа пригода. Лизбет Бишоф наведува дека во суптилно украсена кутија се наоѓале манжетни со две изгравирани букви „Ц“ (C).

Иако никој не се занимавал подетално со тоа, публицистката заклучува дека станува збор за иницијали на англиски (Charles, Camilla) и дека овие декоративни модни додатоци не биле замислени како спомен од венчавката, туку како вечен потсетник на старата љубов.


Дали кралот Чарлс Трети, тогашниот принц, сфатил за што станува збор? Кралската биографка Пени Џунор смета дека да, а открива и дека подарокот не го сокрил во посебен сеф, далеку од очите на сопругата, туку дека спорните манжетни ги носел и пред неа, додека биле на меден месец.

Принцезата Дајана, наводно, веднаш сфатила за што станува збор. Не е ни чудо што, според зборовите на австралискиот дизајнер Џејсон Бренсон, по разводот избегнувала да носи креации од „Chanel“ поради прочуениот логотип со две испреплетени букви Ц.

Оттогаш принцезата Дајана повеќе не била истата личност. Таа проблематична комбинација ја потсетувала на поранешниот сопруг и неговата љубовница. Не сакала иницијали или нешто што потсетува на Камила да гледа во своето опкружување.


А она што принцезата од Велс го сметала за ужасен спомен, изгледа станало постојана шега на нејзината најголема ривалка.

Лизбет Бишоф пишува дека, многу години подоцна, Камила ѝ подарила на Кејт, принцезата од Велс, златен накит со две изгравирани букви Ц. Едната го означува името на Камила, а другата е иницијал од „Catherine“.

Сепак, авторката не е сигурна дали буквите случајно повторно се совпаднале или гафот бил намерен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk