Бразилскиот гигант Палмеирас последните години ја наполни касата со продажба на суперталентирани фудбалери во Европа, а новата „голема работа“ е 16-годишниот Едуардо Консеисао.
Во моментов се игра Купот на Бразил за јуниори, а на првите два натпревари Консеисао постигна четири гола и додаде три асистенции. Клубот не сакаше да чека и среде натпреварувањето му понуди професионален, сениорски договор.
Со тоа, Консеисао (16) си го обезбеди останувањето во клубот барем на одреден период, но истовремено донесе и голема заработка за Палмеирас. Играчот е толку талентиран што клубот во договорот му стави откупна клаузула од 100 милиони евра.
Иако го сметаат за чудо од дете, јавноста не може да се изначуди на фактот што има само 16 години, бидејќи рано почнал да ја губи косата, а на некои места таа му е дури и седа.
Интересно, договорот го потпиша само неколку часа по неверојатниот настап за јуниорите на Палмеирас во Купот на Бразил. Постигна четири гола и имаше три асистенции во победата со 9:0 над екипата Батаљаo.
Консеисао потпиша професионален договор до 2029 година, но тешко е да се очекува дека ќе го испочитува до крај – доколку продолжи да го реализира својот потенцијал, многу брзо ќе го гледаме во Европа.








