Симеоне: Клубот даде наредба Алварез да не се приближи до фановите

Дерби

24/08/2026

13:36

194

Големина на фонт

а а а

Хулијан Алварез го доживеа најмрачното попладне во својата кариера како член на Атлетико Мадрид, бидејќи аргентинскиот напаѓач доби бурни свирежи од домашните фанови кои јасно ставија до знаење дека не го сакаат „Пајакот“ во својот тим.

Упорноста на Атлетико како клуб да задржи играч кој не се гледа како дел од проектот донесе измешани реакции на „Метрополитано“, но ако една работа е јасна по вчерашниот меч со Вилјареал, тоа е фактот дека Алварез ќе има пеколно тешка сезона ако на крајот остане во Атлетико.

Алварез беше единствениот играч на Атлетико кој не ги отпоздрави навивачите на Атлетико по ремито со резултат 2:2, а Диего Симеоне застана во одбрана на својот сонародник и откри дека тоа било одлука на клубот.

– Луѓето од клубот побараа тој да не се приближува до главната трибина и да не ги отпоздрави фановите. Одлуката на клубот беше тој да остане одвоен од групата и сам да се упати кон соблекувалната, таква одлука се донесе за да биде заштитен.

– За да освојувате титули, потребни ви се врвни напаѓачи, а Алварез е еден од нив. До последен ден и до смрт ќе ги бранам играчите кои се дел од мојот тим, – изјави Симеоне.