Феран Торес беше претставен како големо засилување за ПСЖ откако европскиот шампион го освои трофејот во Суперкупот, но како играч кој беше окарактеризиран за недоволно подготвен за Суперкуп финалето во Франција, мораше да чека до денеска за дебито во новиот клуб.
Шпанскиот напаѓач кој донесе втора светска титула за „фуријата“ пристигна со огромни амбиции во Париз и нагласи дека желба му е титулата во Лигата на шампиони, но пред да дочека настап во најелитното натпреварување како член на „светците“, вечерва покажа дека може да прави разлика и во Лига 1.
ПСЖ беше пред пораз на гостувањето во Рен и имаше негатива од 2:0 пред влегувањето на Феран, а како многупати за Барса и Шпанија, Торес вечерва се претвори во „џокер“ за ПСЖ.
Замената на Луис Енрике брзо постигна два гола и донесе израмнување за шампионот, кој на крајот избегна непријатен пораз на стартот на новата сезоната во француската елита.
Претходно, Рен двапати ја тресеше мрежата на Сафонов, а стрелци беа Шимански и Лепол.
Головите погледнете ги ТУКА.







