Маурицио Сари не дочека шанса да го води Елиф Елмас во Наполи и двајцата се разидоа во моментите кога Италијанецот го напушташе клубот, а Македонецот првпат им се приклучи на „наполитанците“, но седум години подоцна, двајцата за првпат ќе соработуваат заедно во Аталанта.
Клубот од Бергамо го ангажираше центиот играч за врска кој ужива голема репутација во Италија, па како играч кој може да понуди многу решение на повеќе позициите од теренот, на Елмас гледаат како големо засилување и директорите на клубот.
Кристијано Џунтоли ја извршува функцијата на спортски директор на Аталанта, а како човек кој го договори трансферот на Елмас од РБ Лајпциг, сега самиот вели дека Македонецот е како „џокер во покер“ за Сари.
Македонецот вчера доби шанса за деби иако пристигна само еден претходно во клубот, па јасно е дека Елиф ќе биде дел од потесните планови на Маурицио во сезоната која штотуку започна.
– Имаме многу талентирани играчи во тимот, а доведовме и докажан играч како Елмас. Елиф е како џокер во покер за нас, тој е играч кој може да игра како крило, но и како централен играч за врска. Неговата поливалентност нуди повеќе опции за тимот. Ни се укажа шанса да го доведеме и веднаш го направивме тоа. Брзо ја изменаџиравме ситуацијата, но и самиот играч помогна се брзо да се реализира, – изјави Џунтоли.







