Матеј Гаштаров стави потпис на нов договор со Црвена Звезда ова лето и доби награда за големиот труд кој го вложи, а играчот кој до овој момент беше дел до вториот тим на српскиот шампион, вчера доби шанса и одигра 90 минути против Чукарички во Првата фудаблска лига во Србија.
Новиот тренер Алберт Риера ги измеша картите пред реваншот со Викторија Плзен во Лигата на Европа и им даде шанса на играчи кои поретко добиваат прилика, а по победата од 4:0, шпанскиот стручњак нагласи дека е посебно воодушевн од педантната и дисциплинирана претстава на македонскиот фудбалер.
– Младите играчи треба да ги впиваат идеите и да бидат важни за нас во иднина. Тоа посебно важи и за Гаштаров, кој за мене одржа фудбалски мастерклас на теренот.
– Очигледно е дека внимателно следел како игра Круниќ на позиција како дефанзивец. Како се брани како стопер и како прави вишок во средниот ред како „шестка“.
– Ако треба на некој посебно да му честитам за партијата која ја прикажа, тоа е Гаштаров. Младите играчи многу брзо ги усвојуваат идеите кои ги имам и тоа ме прави посебно среќен, – изјави Риера.








